Велосипедистите меѓу најранливите учесници во сообраќајот

Од:

Безбедноста на велосипедистите, како една од најранливите групи учесници во сообраќајот, бележи трендови на влошување, покажува статистиката на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, која го посвети мај за месец на велосипедистите.

Од почетокот на годинава  во Македонија загинал  еден  велосипедист, а 29 се повредени. Лани од вкупно загинатите 198 лица во сообраќајот 11 се велосипедисти, а 302 се повредени. Во 2012 се регистрирани 13 жртви велосипедисти и 365 повредени.

Според портпаролот на РСБСП, Тоше Јане, најголем проблем е  релативното непочитување на сообраќајните  прописи  од страна на велосипедистите, но и непочитувањето на нивната ранливост од страна на другите возачи. Во однос на инфраструктурата, посочи, голем проблем   е тоа што таму каде што има велосипедски патеки се користат за паркинг, поради што  полицијата треба да санкционира, а општините да ги расчистат непродоните патеки.

– Безбедноста е на стабилно просечно ниво, но има многу простор за подобрување, оцени Јанев.

Од РСБСП со велосипедските здруженија иницираат промени на законската регулатива за задолжително носење заштитна опрема, а ќе спроведат и повеќе активности за подигање на свеста за безбедноста на велосипедистите во собраќајот. Неопходно е, сметаат, повисока свест од сите учесници во сообраќајот, и велосипедистите, и пешаците и возачите.

Љупчо Ставрески од РСБСП инајави дека во тек на месецов на возачите ќе им бидат поделени флаери со содржина да внимаваат на велосипедистите и да не паркираат на велосипедските сообраќајни ленти. – Сообраќајната полиција ќе дели  флаери и на возачите на велосипеди, односно на сите оние кои не ги почитуваат правилата во собраќајот. Ќе има сообраќајни поуки во сите градови и со велосипедистите и со возачите, а ќе ја вклучиме и сообраќајната единица на велосипеди, посочи Ставрески, истакнувајќи  дека треба да се работи и на едукација на пешаците да не се движат на велосипедските патеки.

Сашко Ванчовски, генерален секретар на Велосипедската  федерација на Македонија, истакна дека е добро што се размислува за заштита  на велосипедистите како една од најранливите групи учесници во сообраќајот.

– Измените кои се предложени во законот за задлжително  носење заштитна кацига и опремување на велосипедите со рефлектирачка опрема се во правец на заштита на велосипедистите што е потребно во сообраќајот во Македонија, рече Ванчовски.

РСБСП го посвети мај на безбедноста на велосипедистите на иницијатива на Владата. Во соработка со повеќе институции и здруженија покрај делење флаери, плакати и друг едукативен материјал, ќе организира  манифестации „Сите на велосипед“ во повеќе градови, како и натпревари во возење велосипед.  Целта е покрај безбедноста, да се поттикне возењето велосипед, како економски, енергетски и еколошки најодржлива форма на сообраќај.

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он