Македонската тениска репрезентација се наоѓа во Сегедин, Унгарија каде од утре до сабота ќе настапува во рамките на Третата Европска зона на Дејвис купот.
За денеска на пладне е закажано и извлекувањето на групите. Македонија се наоѓа во „првиот шешир“ со домаќинот Унгарија, Естонија и Грузија.
Потенцијални ривали од „вториот шешир“ ни се: Малта, Црна Гора, Турција и Ерменија, а против еден од овие противници Македонија утре ќе го отвори настапот.
Во „третиот шешир“ се наоѓаат селекциите на Сан Марино, Лихтенштајн, Албанија и Исланд, кои се сметаат за аутсајдери.
Македонија ќе настапи во состав: Димитар Грабул, Томислав Јотовски, Шендрит Деари и Бојан Јанкуловски (дебитант). Селектор на Македонија е Дејан Маринковиќ.