Крај на владеењето на династијата Ким?

Од:

Најголемиот сојузник на Северна Кореја, Кина е уверена дека владеењето на младиот лидер Ким Јонг Ун нема да трае долго. Тајните документи кои протекоа во јапонските медиуми, откривваат дека кинеската војска започнала да подготвува планови во случај на потполно уривање на режимот на Ким.

Според пишувањето на британски „Телеграф“, кинеските војници по колапс на режимот би го уапсиле целото севернокорејско раководство, додека во случај на граѓански немири, би изградиле прифатни центри поради бранот од бегалци.

Државниот врв би бил уапсен поради давање заштита, но пред се за да се спречи преземање на командата над војската на Северна Кореја.

Кинеските генерали во својот извештај бараат засилен надзор на границата, а Пекинг верува дека елементи од странство ќе го поттикнат уривањето на режимот на Ким.

-Од искуство со уривање на некои други диктатури, како што беше случајот со СССР или Гадафи, можеме да заклучиме дека колку режимот е пототалитарен, толку неговиот пад е потежок но и побрз- појаснува Јун Окумура од јапонскиот Институт за глобални прашања.

Тој е уверен дека САД и Јужна Кореја подготвени би го дочекале падот на Ким и дека веќе имаат план за такво сценарио. Јапонскиот геополитички експерт подвлекува дека е многу важно што тајните кинески документи протекоа во јавност и дека тоа се случило без знаење на Пекинг.

Окумура потсетува дека сличен таков документ протече и пред 20 години кога изгледаше дека режимот на покојниот Ким Јонг Ил, таткото на Ун е работ на пропаст.

Пред неколку дена Пекинг го предупреди Пјонгјанг поради можност од четврти нуклеарен тест, за кој веќе се шпекулира. Кина нема намера да дозволи пред нејзината куќа да завладее хаос или војна. Таа исто така во првите три месеци од оваа година потполно го блокира извозот на нафтени деривати во Северна Кореја.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Каква војска испраќа Северна Кореја за помош на Русија на украинскиот фронт