Првите луѓе во шампионатот во Формула 1 сериозно размислуваат да ги укинат тренинзите кои се одржуваат во петоците и со тоа да ги намалат трошоците на тимовите.
За сега не е познато кога ќе се одлучува за оваа идеја, но Ф1 тимовите веќе почнаа да ја разгледуваат можноста за нејзина примена од следната сезона.
Се поголем е бројот на тимовите кои се жалат на многу тешката финансиска состојба, поради што раководните луѓе на ова натпреварување одлучија на некој начин да им излезат во пресрет и барем во одреден дел да помогнат да се надминат проблемите.