Растењето со биолошките родители – клуч за среќно детство?

Од:

Долго се веруваше дека тајната на среќното детство е животот со биолошките родители, но неодамнешното истражување на британските научници покажа дека децата кои живеат со мајката или таткото и нивниот партнер, односно со својата маќеа или очув се подеднакво среќни како и децата кои живеат со своите биолошки родители.

– Важен е квалитетот на односот во домот, а не составот на семејството, смета Џени Шанфро, членка на тимот на Центарот за социјални истражувња „НатЦен“.

– Согласувањето со браќата и сестрите, семејните забави за викендите и присуството на родителите, кои ретко или никогаш не го креваат гласот, доколку детето е немирно – сето тоа е поврзано со веројатноста детето да биде среќно околу седмата година од животот, додава Шанфро.

Научниците од овој центар ги анализираа податоците на 13 илјади Британци, кои во 2008 година учествуваа во една анкета, во време кога имале околу седум години.

Резултатите покажале дека не постои значителна разлика меѓу тоа колку децата се среќни од три различни видови на семејства: деца кои живеат со еден биолошки родител и нивниот нов партнер, деца кои живеат со биолошките родители и деца кои живеат со еден самохран родител.

Авторите на студијата на презентацијата на годишниот собир на Британската социолошка асоцијација во Лидс, појаснија дека околу 36 отсто од децата, кои учествувале во истражувањето постојано се чувствуваат среќно, додека 64 отсто изјавиле дека ретко или никогаш не се чувствуваат среќни.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска