Викендот 21 сообраќајка на подрачјето на Скопје

Од:

Во текот на изминатиот викенд на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 21 сообраќајни незгоди.

На 2 мај, петок, се случиле вкупно 10 сообраќајни незгоди. Од нив, три се со последица материјална штета, шест се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патнички моторни возила, тројца пешаци и еден мотоциклист.

Се случила и една незгода со загинато лице. Сообраќајката се случила во 16 часот и 50 минути на ул. „Ѓорче Петров“ пред зградата бр. 16, во која учествувало товарно моторно возило со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и пешак, исто така граѓанин на Скопје. Тој со возило на Брза помош бил пренесен во Ургентен центар каде што следниот ден, на 3 мај по полноќ им подлегнал на повредите.

Случени се уште три незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај.

На 3 мај, сабота, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно пет сообраќајни незгоди. Од нив, три се со последица материјална штета и една е со последица телесни повреди, во која со полесни повреди се здобил еден пешак.

Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда. Истата се случила во 15 часот на крстосницата од ул. „Митре Влаот“ и ул. „Илија Димовски“ во која учествувале мопед со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и патничко моторно возило со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје. Како последица од незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, се случиле уште три незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај.

На 4 мај, недела, се случиле шест сообраќани незгоди. Од нив, пет се со последица материјална штета и една е со последица телесна повреда во која со полесни повреди се здобиле еден велосипедист и еден сопатник на велосипедот.

Случена е и една незгода со мала материјална штета во која што е пополнет Европскиот извештај.

Во текот на изминатиот викенд од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се осум возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, двајца возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин, 18 возачи не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци на крстосниците, 44 возачи кои ги управувале своите возила по истекот на сообраќајната или без возачка дозвола и 18 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилата.

Со специјалното возило „пајак“ отстранети се 58 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Во рамки на сообраќајната воспитната манифестација „Сообраќајна техничка култура кај младите“ во Средното училиште „Владо Тасевски“ ќе се одржат регионални натпревари со учениците од средните училишта во Скопје.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно според постоечката сообраќајна регулатива.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија

Во Скопје 474.304 граѓани со право на глас ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници

Ѓорѓиевски: Скопје ќе стане првиот целосно – paper free град во државата, дигитален, модерен и транспарентен