„Коха диторе“: Можна злоупотреба на 400 илјади гласови на Косово

Од:

Косовското Министерство за внатрешни работи и Централната изборна комисија не стигнаа да го прочистат избирачкиот список, така што околу 400 илјади „фиктивни“ гласачи можат да се злоупотребат на изборите, пишува весникот „Коха диторе“.

– Тоа е процес, кој трае, не е лесно да се исчистат сите од списокот, но сега состојбата е многу подобра, отколку што беше пред две години, изјави косовскиот министер за внатрешни работи Бајрам Реџепи.

Претставници на Комисијата меѓутоа велат дека на денот на изборите можат да се злоупотребат имињата на 400 илјади лица, кои или починале или работат и живеат надвор од Косово, нагласува весникот.

Членот на Комисијата од Самоопределување, Аднан Рустеми изјави дека и покрај тоа што Министерството тврдело дека во текот на април избришал најмалку 20 илјади имиња на лица, кои починале, тоа сепак не се случило.

Тој напомен дека избирачкиот список и натаму продолжува да биде еден од најлошите аспекти и сомнежни во изборниот процес.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска