Со едукативни работилници и предавања, Здружението на медицински сестри, акушерки и техничари „Славјанка Бахчева“ од денеска до 12 мај ќе ја одбележи Неделата на медицински сестри.
Целта е да се подигнат стандардите за здравствена нега во сите сегменти.
На работилниците ќе стане збор за новините во концептот на работа, како и за идните планови за развој на професијата медицинска сестра.
Одбележувањето на Неделата на медицински сестри е организирано во соработка со клничката болница „Аџибадем Систина“.