Унгарскиот тим Ѓер ја одбрани титулата европски шампион откако попладнево во Будимпешта во „Ласло Пап Арена“ го победија тимот на Будуќност со 27:21 (15:10). Ова беше дуел на последните два европски шампиони.
Во текот на целиот натпревар Ѓер имаше предност која ја создаде во почетните минути од натпреварот. По 14 минута игра Ѓер имаше + 5 (7:2) и во текот на целиот натпревар ја одржуваа предноста.
Во финишот од дуелот унгарскиот тим дојде и до највискоките седум голови предност (27:20).
Најефикасни на финалниот натпревар беа Анита Горбич од Ѓер и Кристина Неагу со по 7 голови. Одлична на голот на Ѓер беше Катарин Лунде со 13 одбрани.
Анита Горбич со 87 голови е најдобар стрелец сезонава во Лигата на шампионите, а втора на листата е Андреа Лекиќ од Вардар СЦБТ со 79.
Унгарскиот тим со тоа успеа да им се приклучи на Хипо, Слагелсе и Виборг кои успеале две години едноподруго да ја освои титулата европски шампион во Лигата на шампионите.
Во натпреварот за третото место македонскиот првак Вардар СЦБТ го победи Митјиланд со 34:31.