Забрана за товарни возила на патот Кратово – Пробиштип

Од:

На патниот правец Кратово – Пробиштип, околу 100 метри за излез од Кратово, поради обилните врнежи е оштетена една коловозна лента при што е воведена забрана за товарни моторни возила и автобуси, додека сообраќајот за патнички моторни возила се одвива наизменично.

Сообраќајот на сите останати патишта во Македонија се одвива без забрани и застои, по наместа влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата