По завршувањето на дуелот со Митјиланд и освоеното трето место, тренерот на Вардар СЦБТ Индира Кастратовиќ на прес-конференцијата им честитка на ракометарките за победата.
– Одигравме добар натпревар и најважно е што успеавме да се мотивираме за денешниот дуел. Вчера беше тежок натпревар. Но, јас сум задоволна, ова е прва година на Вардар во Лигата на шампионите и веднаш стигнавме до „фајналфор“, затоа треба да бидеме задоволни и ние и целата македонска јавност со овој резултат, рече Кастратовиќ.
Јованка Радичевиќ која на натпреварот заедно со Јулија Николиќ беше најефикасна со шест голови, додаде дека ова е голем успех за Вардар. – Докажавме дека заслужено сме тука, заедно со најдобрите во Будимпешта, нагласи Радичевиќ.