Професор случајно пуштил порно филм на проектор за време на час во средното училиште „Џеј Си Хармон“ во Канзас Сити.
Иако ја забележал грешката во рок од 20 секунди, една ученичка го сликала проекторот со мобилен телефон. Подоцна сликата ја покажала на својот дечко, и заедно ја поставиле на Фејсбук.
Двајцата ученици биле суспендирани поради „недозволено користење електронска опрема за време на час“, додека професорот моментално е на платено отсуство.