СДСМ на 11. мај на конгрес ќе гласа доверба во телата на партијата

Од:

Социјалдемократскиот сојуз на последната седница пред неколку дена, донесе одлука за неприфаќање на мандатите на пратениците од последниот изборен процес, поддршка на раководството на СДСМ да продолжи со активностите во насока на создавање услови за фер и демократски избори, како и одржување Конгрес на 11-ти мај, на којшто ќе се гласа довербата во телата на партијата.

СДСМ е одговорна политичка партија и на Конгресот на 11-ти мај ќе го утврди најдоброто решение за натамошното дејствување на партијата и во интерес на државата и во интерес на граѓаните на Република Македонија.

СДСМ е уверена дека членовите и поддржувачите на партијата ќе останат на висината на одговорноста што ја имаат како дел од најголемата опозициска партија и кон определеноста за заштита на интересите на државата и нема да влезат во сценаријата на Никола Груевски, кој на разни начини се обидува да го дефокусира вниманието од криминалниот багаж со кој влегува во формирање нова Влада.

Би можело да ве интересира

СДСМ бара итна смена на Стоилковиќ: Го обвини за учество во кампања за Вучиќ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Нивниот став личи како да е дојден од некоја испорака од „Али експрес“, Мицкоски за обвинувањата од опозицијата

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус