САД го обвинија Израел дека намерно ги саботира мировните преговори со Палестинците

Од:

САД го обвинија Израел дека намерно ги саботира последните напори во мировните преговори со Палестинците, пренесе ДПА.

-Има многу причини за неуспехот на мировните преговори, но луѓето во Израел треба да ја знаат горката вистина – најтешката саботажа дојде од населбите кои Израел ги гради на палестинските територии, соопшти електронскиот сајт на весникот „Једиот Ахронот“, повикувајќи се на анонимен дипломат од САД.

Американските дипломати, цитирани во написот, учествувале во деветмесечните преговори. Се чини дека тие добиле одобрение од своите надредени за да го разгледаат ова прашање со медиумите. Инструкциите, меѓутоа, налагале и нивните имиња да не се споменуваат.

Би можело да ве интересира

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

Нетанјаху потврди: Примирјето стапи на сила

Израелската армија продолжи со нападите врз Газа, несогласувањето со Хамас го одложи прекинот на огнот

Предраг Петровиќ

Израелски министер за создавање палестинска држава: Со еден збор – не

Горан Наумовски

Ердоган го повика исламскиот свет да се обедини за поддршка на палестинскиот и либанскиот народ

Сараево: Голем број граѓани на протестен марш за Палестина