Ивановски на завршен состанок на ICANN во Дубаи

Од:

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски ќе учествува на завршниот состанок на Независниот панел за глобалeн интернет, кој денеска и утре се одржува во Дубаи.

Состанокот е организиран од Интернет корпорацијата за доделени имиња и броеви (ICANN) и е во рамки на Светскиот економски форум.

На состанокот се очекува учесниците да усвојат документ што ќе овозможи развој и глобализација на тековната интернет рамка, како и поттикнување на процесот за независно функционирање на интернетот.

Покрај ова, министерот Ивановски ќе оствари повеќе билатерални средби со претставници од владини институции, приватниот сектор и светските телекомуникациски организации, со кои ќе разговара за теми од областа на информациско-комуникациските технологии.

Советот на панелот, заедно со експертите и набљудувачите, првпат се сретнаа во декември минатата година во Лондон, каде дискутираа за глобалната интернет соработка и механизмите на управување со интернетот што ќе се преземат во иднина.

Би можело да ве интересира

Владата ја продолжи кризна состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад