А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Состојба на патишта

by А1он04/05/2014 - 10:12132
Share0

На патниот правец Кратово – Пробиштип, на околу 100 метри за излез од Кратово, поради обилните врнежи оштетена е една коловозна лента, при што е воведена забрана за товарни моторни возила и автобуси, додека сообраќајот за патнички моторни возила се одвива наизменично.

Добивај вести на вибер

Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без забрани и застои, по наместа влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

Поради вршење на градежни работи за реконструкција и санација на мост на река Брегалница кај селото Долни Балван, Општина Карбинци, се забранува сообраќајот во двата правци по локалниот пат село Долни Балван – село Таринци во период од 14.01.2014 година до завршување на реконструкцијата на мостот на река Брегалница.

Од 01.04.2014 година воведени се нови термини за насоката на движење на патниот правец кој го поврзува Скопје со Македонски брод низ НП Јасен. Во правец од Скопје кон Македонски Брод сообраќајот се одвива од 6:30 до 9:00 и од 16:00 до 18:00, а во правец од Македонски Брод кон Скопје сообраќајот се одвива од 5:00 до 6:00 и од 18:30 до 20:00.

Патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица (врска со Р1307 (Царина)-врска со А3 и Р1301 (Трпејца), од месноста Корита до зимскиот центар Отешево е отворен за сообраќај.

Потсетуваме дека на овој патен правец, од клучката Трпејца до зимскиот центар Отешево во двата правца, дозволен е сообраќај само за патнички возила и минибуси со вкупна маса до 3,5 тони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ УСЛУГИ – Служба за помош и информации на пат (02) 15 555

soobrakaj

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Горан Наумовски12/08/2025 - 08:10

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Горан Наумовски21/07/2025 - 13:17

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Горан Наумовски19/06/2025 - 14:43

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Горан Наумовски01/06/2025 - 09:00

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Предраг Петровиќ16/05/2025 - 18:59

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

Горан Наумовски06/04/2025 - 08:53
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен