Џери Адамс останува во притвор во следните 48 часа

Од:

Лидерот на Шин Феин, Џери Адамс останува во затворот на полициската станица во северноирскиот град Антрим и во наредните 48 часови, откако локалниот суд, синоќа, го прифати барањето на полицијата, за продолжување на притворот.

Во средата вечер, во 20 часот, Адамс доброволно дојде во оваа полициска станица, за да даде исказ за случајот на Џин Меконвил, која во 1972 година, беше убиена од ИРА, под сомнение дека тајно дејствувала како шпион на британската војска.

Меконвил, 37 годишна вдовица и мајка на десет малолетни деце, пред 42 години, беше грабната од семејната куќа во Белфаст, пред очите на нејзините деца и одведена на непозната локација. Таму била сослушувана и малтретирана, а потоа ликвидирана, со еден истрел во задниот дел од главата, откако претходно била „осудена за предавство„.

Нејзиното тело беше случајно откриено на една плажа во Ирска, во 2003 година. Полицијата на Северна Ирска го искористи пријавувањето на Адамс за да го уапси, под сомнение дека е вмешан во грабнувањето и ликвидацијата на Меконвил. Неговото апсење е извшено откако еден поранешен припадник на паравоената Ирска републиканска армија (ИРА), го обвини Адамс дека „имал важна улога во убиството на Меконвил„.

Во напишана изјава, пред да замине во полицијата, Адамс категорично ги отфрла сите обвинувања и тврди дека нема никаква врска со овој „трагичен случај„ за кој самиот бара, најпосле, да биде расветлен.

Несреќната жена која сосема погрешно била обвинета за шпионирање на републиканците од ИРА, е една од дестицата исчезнати лица од годините на насилство и судирања меѓу католиците и протестантите во Северна Ирска, зад кои останаа околу четири илјади мртви и неколку дестина илјади ранети припадници на двете верски заедници, како и припадници на британската армија.

Никој досега не е осуден за убиството на Меконоли, иако минатиот месец, полицијата во Белфаст го уапси Ајвор Бел (77) кој во седумдесетите години на 20 век беше лидер на Привремена ИРА, обвинувајќи го дека „помагал„ при грабнувањето и убиството на жената.

Неговото апсење, како и приведувањето на уште пет други лица, е направено врз основа на исказите и интервјуите содржани во „Бостонските ленти„ снимен материјал од сведочење на поранешни милитантни лојалисти и припадници на паравоени единици на републиканците, дадено на истражувачи од Бостонскиот колеџ во САД.

Овие доверливи исповеди се направени од поодамна и се чуваат во САД како усна историја за случувањата во „мрачните години„ на Северна Ирска. Не е прв пат, во тие интервјуа да се обвинува Адамс за убиството на Меконвил, како и за други случаи, од дисиденти на ИРА, особено по потпишувањето на мировниот договор од 1998 година, но тој секогаш ги отфрла таквите обвинувања како невистинити и злонамерни.

По продолжувањето на притворот, за уште 48 часови, Адамс ќе остане затворен до недела во 20 часот до кога полицијата ќе мора да подигне формално обвинување, ако има докази за тоа. Доколку не го стори тоа Џери Адамс ќе биде ослободен.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство