Иако постојат одредени теории дека мажите кои плаќаат за секс сакаат да ја избегнат емоционална инволвираност, сепак според една нова студија вистината е поинаква.
Истражувачите од Универзитетот „Џорџ Вашингтон“, предводени од професорот Роналд Веицер и секс терапевтот Кристин Милорд, открија дека мажите кои им стануваат редовни клиенти на проститутките, многу често во себе развиваат кон нив чувство на романтика и љубов.
Тие анализирале 2. 442 изјави на сајтот „TheEroticReview“, каде што повеќе од еден милион клиенти на проститутки си ги разменуваат своите искуства. Околу една третина од нив се вклучуваат во дискусијата за емоционалната блискост со проститутките и изразуваат желба да ги развиваат своите лични односи со жените на кои им платиле и да ги разменат чувствата и заемна љубов со нив.
„Во последниве години, можеме да забележиме постепено нормализирање на проституцијата и „ескорт“ – придружбата, каде што обичните сексуални средби се престоруваат во слични квази-соединенија. Нашите истражувања покажуваат дека редовните клиенти за сексуални услуги често доживуваат и длабока емотивна приврзаност, која може да напредува во автентична љубовна приказна“, вели Кристин Милорд.
Мотивацијата да плаќаат за секс, според истражувачите, доаѓа од желбата слободно да зборуваат со лице од спротивниот пол за своите чувства, но и сексуалната фантазија за разни игри, што пак за некои од мажите е доволна причина да бидат дел од таквите реалации долго време.