Британец доби 89 милиони евра на играта „Евромилиони“

Од:

Британец е добитник на џекпот, во висина од 89 милиони евра, на играта „Евромилиони“, соопшти француската компанија за игри на среќа „Ла Франсез де жу“.

Добитникот е единствен играч од деветте земји, што учествуваат во европската лотарија Франција, Велика Британија, Шпанија, Луксембург, Белгија, Швајцарија, Португалија, Ирска и Австрија, што ги погодил сите седум броја.

Последниот голем џекпот на играта беше добиен на 14 март од британскиот автомеханичар Нил Тротер, што доби 129 милиони евра.

Оваа добивка е 19-та по големина од создавањето на „Евромилиони“ пред 10 години.

Рекордна добивка од 190 милиони евра е извлечена на 10 август 2012 година на британско семејство.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство