5-кратниот светски шампион во снукер Рони О’Саливен се пласираше во своето шесто финале во Крусибл театарот во Шефилд, откако доцна синоќа го совлада Бери Хокинс во репризата од минатогодишното финале со 17:7.
И сега како и во четвртфиналето Рони не одигра максимален број на сесии, туку една помалку.
Тој во финалето ќе игра против подобриот од дуелот Селби – Робертосн, во моментов резултатот е 9:7 за Селби.