ВИДЕО: Судири меѓу приврзаници и противници на киевските власти во центарот на Одеса

Од:

На плоштадот во центарот на украинскиот град Одеса дојде до масовни судири предизвикани од околу 1.500 радикални приврзаници на киевските власти и навивачи на локалниот фудбалски клуб „Черноморец“, јави ИТАР-ТАСС.

Млади луѓе со маски и ленти со натписи „Десен сектор“, вооружени со синџири, стапови и штитови се обиделе да одржат марш низ централните улици на градот скандирајќи „Слава на Украина“, „Смрт на непријателите“ и „Русите на нож“.

Против нив тргнала колона од активисти на организацијата „Куликово поле“, која обвинува за узурпирање на власта во Украина и се залага за референдум за федерализација на земјата и признавање на рускиот јазик за официјален.

Наспроти обидите на полицијата да ги раздели групите, меѓу учесниците во двата протести избиле судири во кои биле употребени димни бомби и палки. Судирите се прошириле и биле фрлени и неколку „молотови коктели“, при што се оштетени паркирани возила, а повредени се и неколку минувачи и новинари.

Според очевидци, има повредени и меѓу учесниците на протестите и меѓу полицијата. По улиците на градот се поставени и барикади.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски