Русија бара свикување вонредна отворена седница на Советот за безбедност на ОН, поради „казнените операции“ на киевските власти во југоисточниот дел на Украина, изјави денеска раководителот на прес-службата на руската Мисија во Светската организација, Алексеј Зајчев.
Украинските безбедносни сили изутринава започнаа специјална операција во Славјанск во која, како што беше соопштено, загинаа три лица – двајца украински војници и еден припадник на проруските сепаратистички сили.