Визуелни уметници во Велика Британија, симболично на 1. мај формираа синдикат да ги застапува пред носителите на одлуки на сите нивоа и да влијае на признавањето на важноста и улогата на уметноста во општеството.
-Британскиот синдикат на уметници е создаден како одговор на евидентниот недостаток на организација од овој вид во областа на уметноста. За разлика од другите професионалци во културата, ликовните уметници немаа опција за дигање на глас во форма на синдикат кој ќе ги претставува, лобира за нивните интереси и ќе ги застапува
Ние сакаме да го свртиме вниманието на нееднаквоста во уметничкиот свет и да работиме заедно за фер плати и подобри работни услови на уметниците, изјавија основачите на синдикатот.
Синдикатот на есен ќе одржи собранието, а дотогаш Синдикатот ќе го води група на уметници од Лондон, Њукасл и Саутемптон.
Според новиот синдикат кој жестоко се спротивстави на праксата на уметниците да не им се плаќа работата, мора да постои организација која ќе преговара во име на уметниците со работодавците или со телата како што се Советот за уметност и британскиот Оддел за култура, медиуми и спорт.
Синдикатот наведува дека повеќето уметници се соочуваат со проблемот на несоодветна исплати за работа или отсуство на било какво плаќање, Синдикатот ги повика сите колеги да се приклучат во колективниот борба за “вистински промени” во животот на уметникот.
А.Б.