Аваков побара федералистите да го предадат оружјето и да ги ослободат заложниците

Од:

Украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков побара од приврзаниците на федерализацијата на земјата „да го предадат оружјето и да ги ослободат заложниците“, соопшти прес службата на МВР, цитирана од ИТАР-ТАСС.

„Министерот за внатрешни работи ги соопшти барањата на Антитерористичкиот центар: итно предавање на оружјето, итно ослободување на сите заложници, ослободување на сите заземени административни згради, прекин на безредијата и прогоните. Украинската власт е подготвена да ги амнестира учесниците во граѓанското востание и окупирањето на административните згради, кои не извршиле тешки насилни кривични дела“, се наведува во соопштението на прес службата.

Барањата за разоружување и предлозите за преговори беа соопштени откако киевските власти рано утринава почнаа специјална операција во Славјанск, во која досега се уништени два хеликоптера „Ми-24“ и оштетен е трет – военотранспортниот „Ми-8“, забележува ИТАР-ТАСС.

Локалните медиуми соопштуваат и за тројца убиени: двајца украински војници и еден претставник на народната одбрана на самопрогласената „Доњецка Народна Република“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски