Канадска фрегата во Европа поради Украина

Од:

Канадската влада соопшти дека во Европа ќе испрати еден од своите најсовремени воени бродови, со цел да им даде поддршка на поморските сили на НАТО .

Премиерот Стивен Харпер во соопштението наведе дека Канада ја испраќа својата фрегата „Риџајна“, која што моментално е стационирана во Арапското море, за да искаже сојузничка солидарност.

-Руската нелегална окупација на Украина и провокативните воени активности продолжуваат да бидат сериозен проблем на меѓународата заедница, а Канада со своите НАТО сојузници останува посветена на промовирање на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, се наведува во соопштението.

Фрегатата е воен брод долг 134 метри, чија што тежина изнесува повеќе од 5.000 тони. Таа беше дел од оперативните ударни сили во Арапското море од летото 2012 година, па се до враќање во матичното пристаниште во март 2013 година.

Канада веќе испрати во Европа шест воени авиони „ЦФ-18“, под команда на НАТО, кои ќе бидат стационирани во Романија.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Девојка изгорела во индустриска печка во Волмарт, нејзиното тело го пронашла нејзината мајка

Канада ги повлекува децата на своите дипломати од Израел

Горан Наумовски

Канада ја прогласи Иранската револуционерна гарда како терористичка организација

Пукање во Торонто, тројца мртви, меѓу нив e и убиецот

Канаѓаните се предупредени: Не користете TikTok

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто