Околу еден милион лица демонстрираа во Сао Паоло, економската престолнина на Бразил, по повод празникот на трудот, но и да протестираат против претседателката Дилма Русеф, пренесоа францускитре медиуми.
„Форса синдикал“, втората по големина синдикална организација во земјата, на својот сајт соопшти дека околу 1,2 милиона лица вчера демонстрирале во Сао Паоло.
Во протестот, исто така, учествуваа и опозицискиот кандидат за претседател, социјалдемократот Аесио Невеш, и претседателот на Социјалистичката партија на Бразил Едураду Кампуш.
Двајцата опозициски лидери ја критикуваа телевизиската порака на Русеф од претходната вечер, во која таа потврди дека ќе се кандидира за реизбор на претседателските избори во октомври и вети дека ќе ја засили својата социјална програма за помош на најсиромашните.