Косовскиот премиер Хашим Тачи изјави синоќа дека во средата на состанокот на амбасадата на САД во Приштина на лидерите и на останатите политички партии им го предложил 8 јуни за одржување на парламентарните избори, јави Танјуг.
– Прво и значајно е во понеделник да гласаме за војската на Косово во Собранието. Ако го изгубиме овој момент на гласање, тогаш многу години ќе чекаме да формираме војска, бидејќи ќе имаме поинаква конфигурација на политичките сили, рече Тачи.
Тој истакна дека гласањето за оружени сили и прашањето за резервни места за малцинствата во Парламентот се одделни работи.