Кои намирници не мора да се чуваат во фрижидер

Од:

Иако често веруваме дека чувањето на намирниците во фрижидер е најдобар начин за одржување на свежината, со некои видови храна тоа не е случај…

Компир

Чувањето на компирот во фрижидер му го менува вкусот, затоа сместете го во хартиена ќеса која нема да ја задржува влагата како оние пластичните.

Леб

Ако го ставите лебот во фрижидер, најпрво ќе се исуши. Чувајте го на собна температура, а во случај да сакате да го спасите остатокот за кој верувате дека нема да стасате да го изедете пред да се стврдне – ставете го замрзнувач.

Кромид

Кромидот треба да стои на место во кое циркулира воздух, само внимавајте да не го оставите покрај компирот кој емитира влага затоа така брзо ќе се расипе.

Лук

На воздух може да издржи и до два месеци, затоа нема потреба да го ставате во фрижидер.

Домати

За нив исто е подобро да стојат на место на кое воздухот слободно циркулира, но внимавајте да не ги ставите во пластична ќеса. За да останат свежи што е можно подолго треба да ги ставите во хартиена ќеса.

Би можело да ве интересира

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Понижување на лекарите и на пациентите – цела ноќ дежурство со една кифличка за вечера

Анита Петровска Рајковиќ