Канада ќе испрати фрегата од военоморската флота за засилување на групата на НАТО крај бреговите на Европа, поради влошувањето на кризата во Украина.
Во вторникот Канада испрати шест воени авиони Ф-18 во Романија, со цел засилување на капацитетите на Алијансата во регионот.
Фрегатата во моментот е во Арапското Море и ќе биде дел од постојаните военоморски сили на НАТО.
– Канада ќе продолжи да презема мерки за засилување на безбедноста и стабилноста во Централна и Источна Европа, изјави канадскиот премиер Стивен Харпер. Тој додаде дека Канада, држава во која живеат најголем број иселеници од Украина – 1,2 милиона, е решена да работи со сојузниците од НАТО во поддршка на суверенитетот и територијалната целина на Украина.