Во Приштина претреси и апсења поради малверзации во приватизацијата

Од:

Во Приштина од раните утрински часови полицијата ги претресе просториите на косовската Агенција за приватизација, а медиумите наведуваат дека поради малверзации веќе се уапсени 12 луѓе, јави Танјуг.

Портпаролот на косовската полиција Баки Келани изјави дека во тек е голема полициска операција, но не се соопштени детали.

Полициски извори изјавија дека до овој момент се уапсени 12 лица, меѓу кои има и претставници на Агенцијата за приватизација, пратеници и претставници на општина Подуево.

Според медиумите, полицијата ја пребарала и куќата на членот на Бордот за приватизација и пратеник на Демократскиот сојуз на Косово Насер Османи, за кого се сомнева дека бил вклучен во малверзации со недвижности во Агенцијата за приватизација.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска