Махашта Мураси, кој живее во Варанасија во северна Индија, стаса во центарот на интересирањето на светските медиуми благодарејќи на неговото неверојатно тврдење.
Овој Индиецот ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди доколку успее да докаже дека има 179 година.
Мураси наводно е роден во местото Бангалоре на 6 јануари 1835 година, а се шпекулира дека постојат документи кои би можеле тоа да го потврдат.
Старецот целиот живот работел како чевлар, поточно до 1957 кога во 122 година конечно заминал во пензија.
– Можеби е ангелот на смртта заборавил на мене, се шегува Мураси, јави „World Bulletin“. Мураси додаде дека живее толку долго што бил сведок на смртта на внукот на неговиот внук.
Овај повеќе од возрасен маж, нема сериозни медицински проблеми, а целата приказна да биде побизарна, неговиот последен лекар починал во 1971 година.
Ако се докаже дека годините на Мураси се точни, научниците можеби по неговиот пример би можеле да ја откријат долговечноста.