Моменталниот режим во Киев, охрабрен со пријателите од западот, ја турка Украина во катастрофа, изјави претставникот на Русија во ОН Виталиј Чуркин, на состанокот на Советот за безбедност на ОН.
Според Чуркин, јасно е од изјавите и акциите на претставници на Киев дека тие нема да го исполнат договорот од 17 април во Женева.
Рускиот дипломат потсети дека само неколку дена по потпишувањето на договорот дошло до обновување на т.н. антитерористички, а во суштина казнени операции.
Околу 15.000 војници, тенкови, артилерија, авиони, единици на Десниот сектор се испратени на југоистокот на Украина, наведе Чуркин.