Најмалку 14 бунтовници на екстремистичката група Абу Сајаф и еден маринец се убиени во жестоки судири меѓу филипински војници и исламистички бунтовници.
Портпаролот на армијата соопшти дека борците се обидувале да ја вратат контролата над камп за обука во провинцијата Сулу, кој бил преземен од владините сили.
Деветнаесет војници биле повредени.
Абу Сајаф, која е вклучена на списокот на САД за терористички организации, е поврзана со меѓународни терористички мрежи, меѓу која е и Ал каеда.