Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) годинава предвидува Албанија да оствари економски раст од 2,1 отсто. Фондот очекува и раст на потрошувачката и побарувачката во земјата, се наведува во извештај, претставен од ММФ во Тирана.
Според извештајот надворешниот долг на Албанија се очекува годинава да изнесува 41,4 отсто од БДП, а идната да достигне 43,2 проценти.
ММФ оценува дека економскиот раст се забрзува во земјите Централна, Источна и Југоисточна Европа и е одраз на растот во еврозоната.