САД даваат награда од пет милиони долари за кинески бизнисмен осомничен за зделки со Иран

Од:

САД предлагаат награда од пет милиони долари за кинески бизнисмен, осомничен за испорака на делови за ракети на Иран.

Министерството за финансии соопшти дека санкционира осум компании на кинескиот бизнисмен Ли Фанвеј поради наводни испораки на ракетни единици за Иран. Бизнисменот бил објект на американски санкции и претходно.

Министерството додава дека предлага награда од пет милиони долари за информација која ќе доведе до апсење или осудување на Ли.

Објект на санкции на американското Министерство за финансии е исто така фирма во Дубаи и неколку лица, за кои се смета дека му помагале на Иран да избегне санкции на САД врз иранска нафтена индустрија.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас