Месечината го „блокираше“ Сонцето на првото затемнување оваа година, а љубителите на вакви космички случувања во Австралија имаа најдобро место за набљудување на тие појави.
Овој пат, сончевиот диск бил 65 отсто „прекриен“ со Месечина.
Затемнувањето на Сонцето се случува кога Месечината минува меѓу Сонцето и Земјата и делимично или во целина го блокира сончевиот диск.
Кога овие небески тела се наоѓаат во совршен распоред, се случува целосно затемнување.