НАТО не забележува знаци за повлекување на руските војски од границата со Украина

Од:

НАТО не забележува знаци за повлекување на руските воени единици од нивните позиции во близина до границата со Украина.

Коментарот е по повод уверувањето на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, дадено во телефонски разговор во понеделникот со неговиот американски колега Чак Хејгел.

Според Шојгу, руските војници, кои според официјални информации учествуваат во вежбите крај границата со Украина, се вратиле на вообичаените позиции.

– Во моментот немаме информација, која ќе покаже повлекување на руските војски од украинската граница. Продолжуваме да ја повикуваме Русија да го примени договорот од Женева и да ги повлече сите единици од украинската граница во полза на дипломатијата и дијалогот, изјави претставник на НАТО.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности