ФОТО: „Езерце“ во вид на две залепени школки

Од:

Две залепени школки, а на делот кон Градскиот парк која е доминантна визура е ѕид од стакло. Вака изгледа првонаградениот труд на конкурсот за идејно решение за ресторан „Езерце“, кој го распиша општина Центар.

Ezerce - idejno reshenie (3)

Трудот е со шифра „Мезе“, а автори се Филип Конески, Борко Георгиев и Иво Ѓорѓиев. Објектот треба да биде потонат во земја за да дојде до нивото на езерцето. Жири комисијата составена од вработени од општината и надворешни експерти констатира дека идејното решение ги почитува постоечките структури како што се дел од железничката станица и познатото возче Ќиро и дел од некогашниот летен шанк.

00 Ezerce - idejno reshenie (2)

На овој конкурс беа пријавени 25 труда, 3 повеќе од минатиот конкурс за училиштето во Капиштец. „ Ова е ренесанса на нашата фела. Години наназад имаше многу конкурси, но буквално се јавуваа еден или двајца за да се задржи формата “ велат архитекти од општина Центар.

Ezerce - idejno reshenie (5)

Последен таков конкурс беше плоштадот во мал ринг познат како плоштад на ВМРО. Сега работата е во рацете на комисијата за јавни набавки од општина Центар која треба да изработи тендерска документација за склучување договор за основен проект со првонаградениот. Општина Центар подготвува изложба на која можат да земат учество сите пријавени на конкурсот.

Ezerce - idejno reshenie (1)

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар