Молдавскиот претседател поддржува членство во НАТО на земјата

Од:

Молдавскиот претседател Николае Тимофти се изјасни за присоединување на земјата кон НАТО.

– Ако мојата одлука биде одлучувачка, јас би ги поддржал напорите за присоединување на Молдавија кон НАТО. Убеден сум дека ако бевме членка на Алијансата, денес кај нас ќе имаше поголем степен на безбедност, рече тој, коментирајќи ја ситуацијата во Украина.

Според него, кај молдавското раководство постои сериозно стравување во врска со идниот развој на кризата во Украина, и направи аналогија со Придњестровјето, коментирајќи го присоединувањето на Крим кон Русија.

Молдавија активно соработува со Алијансата во рамки на индивидуалниот план потпишан во 2006 за партнерство Молдавија-НАТО.

Би можело да ве интересира

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Мицкоски: Немавме никаква дилема да ја поддржиме Шекеринска, и се јавив уште вчера

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било

Шекеринска е нов заменик генерален секретар на НАТО

Катерина Ѓуровски

Русите го затворија Каспиското Море за НАТО

Руте: Војната во Украина е дел од глобалната борба за моќ меѓу САД и Кина