Родители се откажале од двомесечната Надица бидејќи имала срцева мана

Од:

Двомесечната Надица е оставена на милост и немилост, без родителска грижа. Родителите го оставиле бебето, родено со срцева мана на Детската клиника во Скопје. За бебето се грижат лекарите и медицинските сестри. Несовесните родители оправдување побарале во фактот дека немаат пари за операција на Надица.

Доктор Азпасија Софијанова, директор на Детската клиника во Скопје, вели дека Надица може да се оперира, и дека имале вакви случаи кои се успешни.

И покрај укажувањето на лекарите дека после операцијата бебето ќе биде добро, несовесните родителите не се предомислиле и одлучиле да се откажат од Надица.

Надица може веднаш да замине во Бугарија, каде што може да и биде направена операцијата за подобрување на нејзината состојба, но проблемот се финансиските средства.

Надица веќе не е приклучена на апарати за дишење и е сместена на одделот за детска кардиологија.

Би можело да ве интересира

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски