Абдула обвинува дека власта му ја украла победата на изборите во Авганистан

Од:

Кандидат кој освои најмногу гласови на претседателските избори во Авганистан, поранешниот министер за надворешни работи Абдула Абдула, синоќа обвини дека гласањето на 5 април било одбележано со масовни измами и тврди дека тој победил уште во првиот круг.

– Ако фалсификуваните ливчиња бидат поништени, нема да има потреба од втор круг, рече тој.

Абдула одби да ги прифати првичните резултати, објавени од Националната изборна комисија во саботата, според кои, тој добил најмногу гласови, но не и мнозинство за да биде избран за претседател уште во првиот круг.

– Ние победивме уште во првиот круг, затоа што луѓето ни веруваат и гласаат за нас, рече опозицискиот лидер. Тој ја обвини Владата дека стои зад измамите, обвинувајќи „познати кругови“ во администрацијата за мешање во изборите.

Во вториот круг на изборите противкандидат на Абдула ќе биде второпласираниот по бројот на освоени гласови, економистот на Светската банка, Ашраф Гани.

Би можело да ве интересира

„Волстрит журнал“: САД и Талибанците преговараат за размена на затвореници

Горан Наумовски

Талибанците имаат нова забрана за жените

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски