Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани и застои, по наместа влажни коловози. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и усеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.
Заради изработка на проектна документација за изградба на нова наплатна станица „Градско” на патниот правец А1, делница Велес – Градско, од 23 април се изведуваат геотехнички истражни работи, за што е воведен изменет режим на сообраќај. Мерењата се вршат од 7 до 18 часот, а поставена е соодветна вертикална сигнализација за времен режим на сообраќај за работа на пат. Се очекува мерењата да завршат в среда.
Поради реконструкција и санација на мост на река Брегалница кај селото Долни Балван, општина Карбинци, забранет е сообраќајот во двата правци по локалниот пат село Долни Балван – село Таринци.
Од 1 април воведени се нови термини за насоката на движење на патниот правец кој го поврзува Скопје со Македонски брод низ НП Јасен. Во правец од Скопје кон Македонски Брод сообраќајот се одвива од 6:30 до 9 часот и од 16 до 18 часот, а во правец од Македонски Брод кон Скопје сообраќајот се одвива од 5 до 6 часот и од 18:30 до 20 часот.
Патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица (врска со Р1307 (Царина) – врска со А3 и Р1301 (Трпејца), од месноста Корита до зимскиот центар Отешево е отворен за сообраќај. На овој патен правец, од клучката Трпејца до зимскиот центар Отешево, во двата правца дозволен е сообраќај само за патнички возила и минибуси со вкупна маса до 3,5 тони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Нa граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.