Шведскиот воен набљудувач, кој беше киднапиран од проруските сепаратисти, е ослободен поради медицински причини, соопшти претставник на сепаратистите.
Шведскиот набљудувач бил допратаен до возилот на ОБСЕ од тројца невооружени мажи. Претставник на сепаратистите изјави дека Швеѓанецот е ослободен поради тоа што е дијабетичар.
Проруските сепаратисти во петокот киднапираа 13 луѓе од кои осуммина членови на воената мисија на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), четворица украински војници и нивниот возач.
Претходно, самопрогласениот градоначалник на Славјанск, Вјачеслав Пономаров изјави дека набљудувачите на ОБСЕ се воени заробеници и додаде дека еден од 13-те заробени лица, возачот на групата, бил ослободен.
На денешната прес-конференцијата, организирана од сепаратистите, членот на набљудувачката мисија, германскиот полковник Аксел Шнајдер изјави дека „никој не го допрел“ и оти немало физичко малтретирање врз групата набљудувачи.