Јапонецот Кеи Нишикори е победник на АТП турнирот во Барселона, откако попладнево во доминантна игра беше подобар од неговиот противник Сантијаго Хиралдо од Колумбија. Нишикори победи со 2:0 во сетови, на двапати по 6:2.
Мечот траеше еден час и 15 минути, а по оваа победа јапонскиот тенисер го очекува поголем скок на АТП листата.
Ова беше седми меѓусебен дуел и шеста победа за Нишикори. Трофејот од каталонската престолнина е вкупно петти во неговата кариера.
За Хиралдо кој во моментов е 65.ти на АТП листата ова беше прво финале на голем турнир, но за првиот трофеј ќе почека друга шанса.