Зголемен одѕивот на гласачите во Дебар

Од:

Во попладневните часови зголемена е излезеноста на гласачите во општина Дебар на денешниот изборен ден кој минува во фер и демократска атмосфера.

– До 17 часот во општина Дебар одѕивот на гласачите за претседателските избори изнесува 18,72 отсто од вкупно запишаните 17.272 лица, додека за парламентарните избори тој процент е повисок и изнесува над 37 отсто од вкупо запишаните 16.886 гласачи. Изборниот процес минува мирно и се надеваме дека така ќе биде до крајот, изјави Али Реџа, секретар на Општинската изборна комисија.

Тој посочи дека одѕивот на гласачите за претседателските избори споредено со првиот круг е за над пет осто повисок.

– На 13 април до 17 часот излезеноста беше 13,41 отсто, рече Реџа.

Што се оденсува до недостигот на еден лист од избирачкиот список во едно избирачко место тој нагласи дека тоа веднаш било надминато и оти е пропуст на печатачот на избирачкиот список. 

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада