Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски попладнево гласаше во избирачко место во Основното училиште „Кузман Јосифовски Питу“ во скопската општина Кисела Вода.
– Само што го искористив моето гласачко право и можам да кажам дека до сега, до 15 часот, изборите се одвиваат во фер и демократска атмосфера.
Имаме мирни избори и се надевам дека така ќе остане до крајот на изборниот ден и дека ќе победи Македонија пред се, изјави Груевски по гласањето.