Во Гевгелија до 13 часот одѕивот на гласачите 36,1 отсто

Од:

Во општините од југоисточниот регион повеќе од три пати е зголемен одѕивот на гласачите до 13 часот споредено со резултатите од 10 часот.

Од Општинската изборна комисија во Гевгелија информираа дека заклучно со 13 часот, од евидентираните 19.509 гласачи, за претседател на државата гласале 7.029 лица кои истовремено гласале и на вонредните парламентарни избори, или во процент на избори излегле 36,1 отсто од гласачите.

Во општина Богданци до 13 часот на избори излегле 2.703 лица на претседателските избори, односно 2.707 лица на вонредните парламентарни избори, што во просек изнесува 39 отсто од гласачкиот список на кој се запишани вкупно 7.009 гласачи.

Трикратно е зголемен процентот на излезеност и во општина Дојран каде на осум избирачки места гласале 981 граѓанин на претседателските, односно 979 граѓани на вонредните парламентарни избори што претставува 35,3 отсто од евидентираните гласачи.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада