Во Струга до 13 часот излезеноста 17,9 отсто за парламентарните, 13,88 за претседателските избори

Од:

Во Општина Струга до 13 часот на гласање излегле 13,88 проценти од избирачите за претседателските избори, а 17,9 проценти за предвремените парламентарни избори.

Претседателот на Општинската изборна комисија Џенгис Хани информира дека за изборот на претседател на државава во Општина Струга право на глас имаат вкупно 58.027 полнолетни граѓани, а за парламентарните можат да гласаат 57.144 избирачи.

– Изборниот процес во Струга тече во фер и демократска атмосфера. До ОИК досега не се пријавени инциденти и нерегуларности при гласањето. Инаку, сите гласачки места беа отворени точно навреме, вели Хани.

Во Општина Струга денеска се гласа на вкупно 101 избирачко место.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме