Поранешната светска тенисерка број 1 Викторија Азаренка соопшти дека ќе ги пропушти турнирите во Мадрид и Рим планирани за следниот месец, а голема е веројатноста таа да не игра ниту на Грен слемот „Ролан Гарос“ во Париз.
Белоруската тенисерка поради повреда на левото стапало подолго време е надвор од терените, а својот последен меч го одигра на почетокот на март во Индијан Велс.
– Работам напорно за повторно да бидам подготвена. За жал нема да можам да играм во Мадрид и во Рим, соопшти Азаренка и додаде дека голема е веројатноста да не се појави и на Ролан Гарос, кој почнува на 25 мај.
Во моментов Викторија Азаренка е на 4.место на ВТА листата.