Османи: Со гласањето граѓаните ќе придонесат Македонија да стане нормална држава

Од:

Руфи Осамни, лидерот на Националната Демократска преродба, во родоното село Чајле го реализра правото на глас на претседателските и парламентарни избори.

– Очекувам, конечно да се потврди дека Македонија има капацитет да организира фер и демократски избор,  изјави Османи по гласањето, додавајќи дека доставиле до ДИК препорака да се повторат изборите во Изборната единица 7 поради низа нерегуларности.

Тој упати апел до сите граѓани да го искористат своето право и да гласаат слободно и според своите убедувања.

– Со тоа ќе дадат придонес Македонија да стане нормална држава со нормални избори, рече Османи.

Би можело да ве интересира

Руското МВР тврди: Регистрирани се 10 обиди за терористички напади за време на локалните избори

Избори во Северна Рајна-Вестфалија: ЦДУ го задржува водството, АфД во силен пораст

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата